Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека директен судир меѓу НАТО и Русија би бил многу опасен чекор, што би довел до глобална катастрофа.

На прес-конференцијата во Астана, каде што учествуваше на три самити – Самитот за соработка и градење доверба во Азија, состанокот на лидерите на ЗНД и Самитот Русија-Централна Азија, Путин изрази надеж дека разумот ќе надвладее и нема да се преземе таков чекор, пренесуваат руските медиуми.

– Во секој случај, доведувањето на некои војници во директен судир со руската армија е многу опасен чекор што може да доведе до глобална катастрофа. Се надевам дека оние кои зборуваат за тоа ќе имаат доволно разум да не преземаат такви опасни чекори, одговори Путин на прашањето дали е можно НАТО да испрати војници на територијата на Украина доколку ситуацијата во Киев стане катастрофална.

Претседателот на Русија рече дека делумната мобилизација што беше најавена во Русија ќе биде завршена во рок од две недели и наведе дека 222.000 лица од планираните 300.000 веќе се испратени во воените единици.

Тој вели дека била неопходна делумна мобилизација бидејќи линијата за контакт со Украина е долга 1.100 километри и не може да ја држат само војниците со договор.

Путин рече дека Русија е отворена за преговори со Украина, дека дури и во Истанбул биле постигнати одредени договори, но дека украинските власти, штом руските сили се повлекле од Киев, веднаш ја изгубиле желбата за преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.