Доколку лидерите на Г7 би ја соблекле облеката на неодамнешниот самит во Германија, тоа би било „одвратна глетка“, смета рускиот претседател Владимир Путин.
Лидерите на Г7 додека позираа за заедничка фотографија, се пошегуваа околу склоноста на Путин да се фотографира гол до половина.
Не знам како планирале да се соблечат, над или под половината – изјави Путин пред новинарите при својата посета на Туркменистан, но, според него, „во секој случај тоа би било одвратна глетка“.
Путин потоа ги советуваше лидерите на Г7 дека потребно е вежбање и помалку пиење за постигнување хармонија меѓу телото и душата, јави руската новинска агенција Тасс.
Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата, додека седеше заедно со своите колеги, лидери од Г7, праша дали треба на фотографијата да биде со јакна.
Мораме да покажеме дека сме поцврсти од Путин – додаде Џонсон.
Премиерот на Канада, Џастин Трудо тогаш се пошегува дека за тоа би било потребно „да јаваат коњи голи до струкот“, мислејќи на честите пози на Путин за „мачо“ фотографии, како кога јава коњ без маица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.