Едно лице е убиено во саботата во пукање во трговски центар во предградијата на Балтимор и Вашингтон, соопшти полицијата, пренесува Анадолија.
Властите добија повик по пукање во ресторанот во трговскиот центар Колумбија, Мериленд околу 18:10 часот по локално време.
Полицајците пронашле тело на маж, соопшти полицијата на округот Хауард.
Полицијата потврди дека учесниците во престрелката побегнале од трговскиот центар, а детективите веруваат дека жртвата била целта.
Властите велат дека истрагата е во тек.
Во трговскиот центар, исто така, имаше пукање во јануари 2014 година, кога три лица загинаа откако маж застрела две лица, а потоа и себе со пушка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.