Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија, изјави денеска портпаролката на американскиот претседател Џозеф Бајден, Џен Псаки.
Ние не заговараме атентат на странски лидер или промена на режимот. Тоа не е политика на САД, изјави Псаки пред новинарите.
Претходно, американскиот републикански сенатор Линдзи Греам повика некој во Русија да го убие претседателот Владимир Путин.
Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе направи голема услуга на себеси и на целиот свет, напиша Греам на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.