Граѓаните на Полска, на интернет се забавуваат со новиот лапсус на премиерот Матеуш Моравјецки, кој на конференција за јавноста најсериозно предупреди на „опасноста“ – неговата партија Право и Правда да се врати на власт на редовните парламентарни избори на 15 октомври.
Сакаме да ве потсетиме на нашиот однос со Русија. Сакаме да ве потсетиме колку голема е опасноста од враќањето на власт на Право и Правда во Владата. Значењето на овие избори е огромно, изјави премиерот Моравјецки.
„Тој првпат ја кажа вистината“, „Првпат се согласувам со премиерот“ – се најчестите коментари на опозициските политичари и други корисници од Полска на интернет-просторот.
Има и такви кои прашуваат дали премиерот се вратил во тимот на својот поранешен шеф – порано премиер, а сега главен опозициски лидер Доналд Туск, како потсетување дека своевремено Моравјецки беше еден од економските советници на Туск кога овој беше премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.