Конвој за хуманитарна помош на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) испратен во Нагорно-Карабах е забележан на ерменско-азербејџанската граница, за првпат откако Баку почна молскавично брза 24-часовна воена операција и ги разби ерменските сили во енклавата.
Етничките Ерменци кои живеат во Нагорно-Карабах апелираа дека се под опсада, со малку храна и недоволно струја и гориво и ги повикаа светските сили да им помогнат.
Помош испрати и Русија. Официјална Москва претходно соопшти дека ерменските борци почнале да го предаваат оружјето откако Азербејџан ја презеде контролата врз енклавата.
Американскиот сенатор Гери Питерс, демократ од Мичиген, кој ја предводеше делегацијата на американскиот конгрес на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, изјави дека се потребни меѓународни набљудувачи за да се следи ситуацијата во Нагорно-Карабах, додавајќи дека луѓето се „многу исплашени“ од тоа што се случува таму. .
Секако дека сум многу вознемирен од она што се случува во Нагорно-Карабах во моментов и мислам дека тоа треба да биде јавно објавено“, им рече сенаторот на новинарите на границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.