Првиот човек на германското разузнавање, Бруно Кал, заглавил во Киев откако бил изненаден од руската воена акција во земјата.

Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (или БНД), во тоа време бил во Киев за да разговара со украинските колеги околу ситуацијата со Русија.

Откако германската министерка за надворешни работи ги повика сите Германци да ја напуштат земјата, специјален одел на германската полиција за заштита на граѓаните во странство ги евакуира германските дипломати и останат персонал.

По процедура еден од евакуираните требало да биде и Кал, меѓутоа тој не стигнува на време. Заради ова ангажирана е специјална единица на БНД да го извади својот шеф од Украина.

Според германски Фокус операцијата била успешна и тој бил евакуиран кон Полска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.