Куба го потврди својот прв случај на мајмунски сипаници, соопшти синоќа Министерството за здравство.
Болеста е откриена кај турист кој пристигнал од Италија минатата недела. Пред да покаже симптоми, Италијанецот патувал на различни дестинации во западните провинции на карипскиот остров. Во четвртокот му се слошило и побарал лекарска помош. Неговата состојба и понатаму е критична, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Индонезија, исто така, го пријави својот прв случај на ова вирусно заболување. Станува збор за 27-годишен маж кој живее во главниот град Џакарта. Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека тој се вратил од патување во странство на 8 август, а првите симптоми се појавиле пет дена подоцна.
Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба. Оваа болест зафати 40.000 луѓе во повеќе од 80 земји. Пријавени се и неколку смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.