По веста дека Финска утре ќе се приклучи на пактот за НАТО, официјална Москва веднаш најави зајакнување на силите на западот на земјата.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Груско, изјави дека Русија ќе ги зајакне воените капацитети во своите западни и северозападни региони како одговор на очекуваниот пристап на Финска во НАТО, објави државната новинска агенција РИА.

За пристапувањето на Финска во НАТО потврдија од кабинетот на претседателот на државата. Финска станува полноправна членка откако турскиот парламент во четвртокот ја ратификува точката со која ѝ се дозволува на Финска да му се приклучи на НАТО отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната воена алијанса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.