Во повеќе руски градови денеска се протестира против руската инвазија во Украина. Руската полиција ги повика демонстрантите кои протестираат против инвазијата врз Украина да го напуштат плоштадот во Москва, велејќи преку звучници дека протестот не е дозволен.
Ник Робертсон од Си-Ен-Ен и тимот на терен беа сведоци на приведување луѓе од полицијата. Некои носат знаци со пораки, вклучително и повеќе натписи кои велат „Не на војната“.
Руските власти ги предупредија граѓаните дека учеството во антивоени протести може да доведе до гонење и кривични пријави.
Руските полицајци приведоа најмалку 735 лица за време на антивоените протести во 40 градови низ земјата, според мониторингот на протестите ОВД-Инфо.
„Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата. Повеќе од 330 лица се приведени во Москва.
Задержания продолжаются на Пушкинском бульваре – мужчину положили на землю pic.twitter.com/bnyyDTqlnm
— голубева (@greenlightoff) February 24, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.