Обвинителството ја прошири кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од неговите вработени, во постапката за неовластено чување доверливи документи, јави Гласот на Америка.

Во проширеното обвинение се наведува дека Трамп и неговиот соработник Карлос де Оливеира се обиделе да ги спречат истражителите да ги прегледаат снимките од безбедносните камери од одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател.

Обвинението е проширено за три точки, со што вкупниот број изнесува 40, бидејќи Трамп повторно е обвинет за незаконско задржување доверливи информации поврзани со националната одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.