Економијата и технолошкиот сектор на САД поминуваат низ тежок период со синоќешното затварање на Банката на силиконска долина (СВБ), позната и како банка на технолошките стартапи.

Ситуацијата со прекинот на операциите на банката, која сервисира клиенти од Силиконската долина како исплата на плати на вработените, се разви молскавично во текот на 48 часа.

Џером Пауел, првиот човек на Федералните резерви (Фед), американската централна банка, во вторникот најави уште едно покачување на каматните стапки, уште еден обид за зауздување на инфлацијата. Во средата навечер првите луѓе на банката најавија потрага по повеќе готовина со што дигнаа паника кај инвеститорите и штедачите, па цената на акциите на банката започна брз пад. После ова, исплашените штедачи започнаа со масовно подигање на своите влогови во вредност од 40 милијарди долари, со што СВБ остана без кеш, и не беше во можност да ги сервисира клиентите.

Поради ова, државната Корпорација за осигурување на федералните депозити (ФДИЦ), во петокот нареди затворање на банката на непоределен рок, со смирувачки тонови дека осигураните депозити ќе бидат достапни заклучно идната недела во понеделеник наутро.

Се очекува исплатите да бидат најмногу до 250.000 долари, бидејќу ФДИЦ гарантира осигурувањена на депозитие до таа висина. Сепак, банката сервисира стотици корпоративни клиенти од технолошкиот сектор на САД кои поседуваат милионски суми на депозити, како на пример компанијата „Року“ која во СВБ поседува 500 милиони долари. Затоа, ФДИЦ започна продавање на капиталот на банката, па во периодот што следува ќе се дознае колку пари можат да бидат вратени на инвеститорите и клиентите со влогови поголеи од 250.000 долари.

Заклучно крај на декември, СВБ поседувал вкупен капитал во висина од 209 милијарди долари и депозити во вредност од 175.4 милијарди долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.