Пронајдени се телата на 22 лица, сите 19 патници и тројца членови на екипажот, кои се наоѓале во авионот што во неделата се урна на падините на Хималаите во Непал, соопштија денеска властите.

Четворица Индијци, двајца Германци и 16 Непалци биле во авион DHC-6-300 Twin Otter, сопственост на приватната компанија „Тара Ер“, кој се урна 15 минути по полетувањето од туристичкиот град Похара, 125 километри западно од Катманду, во неделата наутро, пренесува „Ројтерс“.

Како што беше најавено, авионот летал кон Јомс, популарна дестинација за туристи, на 80 километри северозападно од Похара, а целиот лет требало да трае 20 минути.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.