Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, се пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета. Децата биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација по двонеделна потрага.

Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата.

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога автомобилот „Цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урнал во џунглата. Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.

„По макотрпна потрага на нашата војска, ги најдовме живи четирите деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“, објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер.

Причините за несреќата се уште не се утврдени. Според цивилната заштита, пилотот пријавил проблеми со моторот на авионот пред да исчезне од радарот. Џунглата е многу густа и опасна во таа крајно оддалечена област, а потрагата била отежната поради присуството на диви животни, дрвја високи до 40 метри и обилниот дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.