Овие борци знаат што прават. Тие се сериозни и тоа го покажуваат; со овие унгарски пушки со голем калибар можете да погодите цел на околу еден километар. Ова оружје може да уништи секое возило и да запре секого и се.

Со ови зборови, британски „Телеграф“ ja почнува репортажата за приватната руска воена компанија „Вагнер“, чии платени војници уествувале во голем број воени конфликти ширум светот.

Веднаш штом почна руската инвазија на Украина, големт руски воен транспортен авион „Антонов“ од Централноафриканската Република донесе стотина платеници од злогласната група „Вагнер“ кои набрзо се приклучија на тим од околу 200 платеници кои веќе беа во источна Украина.

 

Сите овие борци пристигнаа со веќе драгоцено искуство од војување во елитните воени единици или безбедносни служби, најмногу во армиската единица за специјални намени Спецназ, Воената разузнавачка служба (ГРУ), Странската разузнавачка служба (СВР) или ФСБ, чии припадници се задолжени за заштита на Владимир Путин и Кремљ.

 

Некои од борците дојдоа од помалите региони каде што се присутни „вагнерите“, а тоа пристигнување беше силен сигнал дека Путин навистина планира воена инвазија на Украина – пишува „Телеграф“.

По пристигнувањето во областа контролирана од Русија, платениците тргнале да ги вршат своите задачи во специјални групи од по четворица војници, од кои едниот секогаш е снајперист.

Нивната задача е да ги елиминираат целите од највисок приоритети и со тоа да го оправдаат слоганот што понекогаш може да се види на нивните униформи, а кој гласи: „Смртта е наша работа, а работата е добра“, пишува „Телеграф“.

За потребите на репортажата, британскиот весник разговара со таканаречениот „Стариот Евреин“, човек кој живее во германско село каде што пристигнуваат бегалци од Украина уште од почетокот на војната.

Старецот бил ангажиран да помогне, делумно за да се искупи поради тоа што што кариерата ја поминал на високи позиции во една од најзлобните руски мафијашки банди. Тој раскажува како непријателите се обиделе да го ликвидираат во затвор, но тој со виљушка во вратот го избодел човекот што го испратиле да го убие. Овој старец познавал еден од борците кои пристигнале во источна Украина, а познава и еден од водачите на групата „Вагнер“ во Москва.

Тој вели дека му рекле дека во Украина биле испратени брутални платеници за да шират терор и да ги држат граѓаните во состојба на страв и паника. Бидејќи ги познава, старецот не се сомнева во нивната тактика и вештини, велејќи дека меѓу борците на „Вагнер“ има многу психопати, покрај некои од најспособните и најискусните луѓе што Путин би можел да ги избере за да ги постигне своите цели.

Овие борци се професионалци и знаат што прават. Тие се сериозни и може да се види; со овие унгарски пушки со голем калибар можете да погодите цел на околу еден километар. Овие оружја може да уништат секое возило и да запрат секого и сè. Тие не играат, и не грешат – предупредува тој.

Дека може да му се верува, докажува и морничавата репутација што ја уживаат „вагнерите“ по акциите што ги извршиле во Сирија, Либија и Централноафриканската Република.

Групата „Вагнер“ не е лојална на земјата или на идеологијата, ниту на Путин. Тие само сакаат да заработат пари – вели старецот.

Главната предност на оваа група, што се однесува до Кремљ, е тоа што тие можат да користат нелегално и недозволено оружје, но без да бидат дел од руската армија. На тој начин Кремљ би можел да избегне синџир на одговорност што се протега од Путин до касапите на „Вагнер“ на теренот – пишува „Телеграф“.

Британскиот весник вели дека таквите тактики се користеле во втората војна во Чеченија во 1999 година, кога на платениците им било кажано дека можат да прават што сакаат со секое место што го заземаат.

Она што е најстрашно од се, е што оваа војна дава многу повеќе шанси за заработка од онаа во Чеченија, што би значело дека слоганот „смртта е наша работа, а работата е добра“, испишана на униформите на „Вагнер“ може да биде многу вистинита – заклучува „Телеграф“ во својата репортажа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.