Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри во изминатото деноноќие повторно биле под воздушни напади. Нападите биле насочени кон области во источен Картум, Бахри и Шарг ел Нил.
Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе.
Масовните грабежи од вооружени лица и цивили уште повеќе им го отежнуваат животот на жителите на Картум кои се погодени од жестоките борби меѓу регуларната војска и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).
Околу 843.000 луѓе се внатрешно раселени, а уште 250.000 го напуштиле Судан за време од почетокот на конфликтот, соопшти УНХЦР.
Досега нема напредок во преговорите меѓу двете страни за прекин на огнот во саудискиот град Џеда под покровителство на Ријад и Вашингтон. Тие и на вчерашниот состанок на Арапската лига меѓусебно се обвинија за грабеж и силување, како и за прекршување на низата договорени прекини на огнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.