Нарушувањата предизвикани со намалувањето на испораките на рускиот гас во Германија може да создадат проблеми во работата на тамошните крематориуми, пишува агенцијата Reuters.

Агенцијата го цитира шефот на германскиот конзорциум за кремирање, Свен-Јорк Соболевски, кој истакнува дека доколку биде воведено рационализирање на потрошувачката на гасот во Германија, приоритет и изземање од рестрикциите би требало да добијат крематориумите, бидејќи за нивно функционирање е потребен гасот.

Едноставно, не можете да ја оневозможите смртта, додал Соболевски.

Според германското здружение на погребните претпријатија, на кои се повикува агенцијата Reuters, околу три четвртини од останките на починатите Германци се кремираат секоја година.

Соболевски додал дека со текот на времето крематориумите ќе можат да го заменат гасот со електрична енергија, но дека за таквото преминување ќе биде потребно време.

Како краткорочна мерка, се наведува дека можно е намалување на температурите на печките за кремирање од 850 на 750 Целзиусови степени, што ќе заштеди меѓу 10 до 20 отсто од количеството на гас. Меѓутоа, за да се преземат таквите мерки потребни се дозволи од локалните власти.

Покрај тоа, појаснува претставникот на конзорциумот, некои крематориуми ги исклучуваат печките додека другите во индустријата, како и во други сектори, сличните постројки се одржуваат вклучени за да се заштедат пари поради зголемената потрошувачка на гасот при нивно повторно вклучување и загревање. Истакнува дека таквата мерка може да ја намали потрошувачката на гас дури за 80 отсто, но не сите крематориуми се доволно ангажирани за да можат да се префрлат на овој модел на функционирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.