Најпознатата активистка за климатски промени во светот, шведската тинејџерка Грета Тунберг, во вторникот беше уапсена па ослободена за време на протест против проширување на рудник за јаглен.

Тунберг ја приведе германската полиција додека заедно со други активисти протестираше во отворениот рудник за јаглен на околу девет колометри од селото Луцерат во западна Германија.

Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон рудникот. Меѓутоа, таа беше запрена и изнесена од нас со оваа група надвор од непосредната опасната зона за да се утврди нивниот идентитет“, изјавил портпаролот на полицијата во Ахен, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.

Видеото од местото на настанот покажува дека полицајците ја носат Тунберг подалеку од протестот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.