Приватниот мобилен телефон на британскиот премиер Риши Сунк е објавен на Интернет. Неговиот број е откриен откако „шегаџиите“ на социјалните мрежи објавиле звук од ѕвонење на телефонот и пораката што ја зборува Сунак на телефонската секретарка.

Портпаролот на Кабинетот на британскиот премиер рече дека тие не коментираат за безбедносни прашања. Британските медиуми пишуваат дека тоа е број што Сунак го користел повеќе години, вклучително и за време на минатогодишните лидерски избори во неговата партија.

Сунак, наводно, добил нов специјален број кога дојде на власт пред речиси една година. Според видеото објавено на социјалните мрежи, се чини дека бројот на Сунак се уште е во функција.

Борис Џонсон беше принуден да го смени телефонскиот број кога беше премиер на Обединетото Кралство по слично нарушување на безбедноста од интернет „шегобијци“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.