Принцот Алберт од Монако е замешан во поголема афера и му претстои правна битка поради наводите за неетички и коруптивни постапки, откако отпушти советник кој долго време бил „сива еминенција“ во неговата администрација.
Клод Палмер (67), управителот на имотот на Алберт, доби наредба да се повлече, откако објави на мистериозна, анонимна интернет-страница, го обвинија за широко распространета корупција во кнежевството Монако. Оваа држава, инаку, има само 37.000 жители, но сразмерно најголем број милионери во светот. Случајот предизвика серија граѓански тужби и кривична истрага за наводите за корупција, пишува „Тајмс“.
Постои можност оваа афера да открие и државни тајни на Монако.
Принцот Алберт, го отпушти и Лоран Анселми (61), неговиот шеф на кабинет, па јавно се огради од Тјери Лакост (63), неговиот адвокат и пријател од детството, како и од Дидије Лино (75), претседател на Врховниот суд на Монако. Аферата претставува опасност од откривање на тајните и на самиот принц Алберт, на пр., за неговиот љубовен живот или бракот со принцезата Шарлин што постојано е под лупа на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.