Водачот на руската приватна армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој во јуни предводеше неуспешен еднодневен бунт против руското воено раководство, е фотографиран во Санкт Петербург, каде што се одржува самит Русија – Африка.
Директорот на „Рускиот дом“ во Централноафриканската Република, Дмитриј Сити, денеска објави фотографија на која Пригожин позира со непознат гостин од Африка, пренесува порталот Фонтанка од Санкт Петербург.
Сити напиша дека се работи за фотографија од самитот и за неа му се заблагодарува на „господинот амбасадор“.
Истата фотографија ја објавија повеќе медиуми кои претходно беа дел од медиумската империја на Пригожин. Тие наведоа дека Пригожин на самитот се сретнал со претставници на Централноафриканската Република, Мали и Нигер.
Групата „Вагнер“ е обвинета за учество во повеќе конфликти и бруталност, особено во Африка. јт/
Фото: Социјални медиуми на Дмитриј Сити
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.