Претседателството на германската владејачка партија Зелените, во средата поднесе заеднички оставки, наведувајќи ги неуспесите на покраинските избори во септември како причина за потегот.
„Дојдовме до заклучок дека е потребен нов почеток“, рече потпретседателот на партијата на зелените Омид Нурипур во партискиот центар во Берлин.
Втората потпретседателка на партијата Рикарда Ланг поднесе оставка, како и целото претседателство на партијата.
Со овој потег, како што пренесуваат германските медиуми, претседателството на партијата ги сноси последиците од лошите изборни резултати во источногерманските сојузни покраини Саксонија, Тирингија и Бранденбург.
Во Тирингија и Бранденбург партијата чие полно име е Сojуз90/Зелените (Bündnis 90/Die Grünen), не го помина изборниот праг, а во Саксонија со 5,1 отсто го постигнаа својот најслаб резултат во оваа сојузна покраина досега.
Аналитичарите оценуваат дека гласачите ја отфрлаат „зелената политика“ на инсистирање на енергетска трансформација, како и партијата која се противи на ограничување на мигрантскиот прилив. Новото претседателство на партијата треба да се избере на партиската конвенција во ноември.
Од крајот на 2021 година, Зелените, заедно со социјалдемократите и либералите, се помал партнер во федералната влада на Олаф Шолц. Сојузната влада во моментов бележи ниски вредности во анкетите за популарност, а медиумите со денови шпекулираат за прераниот колапс на коалицијата поради постојаните кавги меѓу коалициските партнери, пред се Зелените и либералите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.