Претседателот на Парламентот на Шри Ланка, Махинда Јапа Абејвардена, чека на писмото со оставка од претседателот Готабаја Раџапакса, соопшти информативниот портал „Њуз фрст“ повикувајќи се на изјава на претседателот на Собранието.

Абејвардена потсетува на ветувањето на Раџапакса дека оставката ќе да достави по писмен пат в среда, на 13 јули, но оти документот се уште не стигнал во Парламентот.

На веб-страницата на весникот „Ланка Дејли Мирор“ беше објавено дека Раџапакса во средата не полетал од Малдивите за Сингапур. Претседателот и неговата сопруга, заедно со двајца безбедносни службеници, планирале да го напуштат Мале во среда, но не се качиле во авионот за Сингапур од безбедносни причини.

Претседателот на Шри Ланка, придружуван од неговата сопруга, во средата вечерта со воен авион го напушти Коломбо и полета за Малдиви. Тој остави писмен документ со кој го информира претседателот на Парламентот дека го назначил премиерот Ранил Викрамасинге за вршител на должноста претседател поради „отсуство од земјата“.

Потоа беше објавено дека Раџапакса ќе испрати формално писмо со оставка до претседателот на Парламентот, Махинда Јапа Абејвардена. Според индиската телевизија Република, Раџапакса ќе добие азил во Сингапур.

Минатата сабота илјадници демонстранти излегоа на улиците на Коломбо барајќи оставка од шефот на државата. Ги зазедоа резиденциите на претседателот и премиерот, а опожарена беше и личната резиденција на премиерот. Протестите предизвикани од лошата финансиска и економска состојба на островот не стивнуваат од почетокот на април. Земјата се соочува со сериозен недостиг од девизи, горива, нафтени деривати, ѓубрива, храна за одредени групи население и лекови.

Во такви услови мнозинството на населението бара целосна смена на власта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.