Претседателот на Сенегал и шеф на Африканската Унија, Маки Сал, порача дека антируските санкции ја оставија Африка без пристап до жито и вештачко ѓубриво.

Санкциите сериозно ја влошија ситуацијата со храната во африканскиот регион – истакна Сал на на средбата со рускиот претседател, Владимир Путин.

Според Сал, Сенегал има големи надежи за соработка меѓу африканските земји и Русија.

За време на средбата, пак, Путин, истакнал дека улогата на Африка на меѓународната сцена расте и дека Руската Федерација ќе ги развива односите со земјите од континентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.