Најстариот дневен весник во светот, виенски „Винер цајтунг“, денеска го објави своето последно печатено издание, по повеќе од три века постоење. Весникот првпат бил отпечатен на 8 август 1703 година под името „Винеришес дијариум“ (Виенски дневник) со цел да пренесе трезвени информации за веста, „без реторичка или поетска помпа“.
На насловната страничка денеска осамна – „320 години, 12 претседатели, десет цареви, две републики, еден весник“.
„Винер Цајтунг“ е во сопственост на австриската влада, но весникот одржува независна уредувачка политика.
Неодамна компанијата претрпе остар пад на заработката поради новиот закон, со кој се укина одредбата дека сите сојузни закони, владини прописи, тендери и промени во статусот на компанијата мора да бидат објавени на официјалните страници на „Винер цајтунг“ и потоа објавени онлајн.
Ова ја чинеше компанијата, како што самата објави, од 80 до 90 отсто од вкупната заработка. Драматичната промена донесе и раскинување на 63 договори за работа, а уредничкиот тим е намален за речиси две третини на 20.
Во иднина, „Винер Цајтунг“ планира да биде онлајн и да објавува печатено издание еднаш месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.