Албанскиот премиер Еди Рама објави на социјалните мрежи дека денеска остварил телефонскиот разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Денеска имав телефонски повик од претседателот Зеленски, кој ми се заблагодари за сè што Албанија прави во овие трагични денови за неговиот народ, за Европа и за целиот свет, почнувајќи од нашата улога на кодомаќин со САД во Советот за безбедност на ОН, до помош дадена за украинската армија, како и интензивното ангажирање на дипломатски канали со важни партнери за поддршка на Украина, напиша Рама.
Додава дека му изразил максимална поддршка на претседателот Зеленски и на украинскиот народ, посочувајќи дека би сакал да направи многу повеќе.
На украинскиот претседател му ги изразив целиот восхит и целосна солидарност на албанскиот народ во Албанија и Косово, со него и со украинскиот отпор, како и целосна волја да направиме сè што можеме за Украина да триумфира во својата родољубива војна, пишува Рама.
Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката.
Ви благодарам премиере. Ако сакате да триумфираме, сакам да ве уверам дека ги имаме и нашите способности и нашата сила, рекол Зеленски, пренесе Рама
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.