Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека е прекинат далечинскиот пренос на податоци од системите за следење на заштитните мерки инсталирани во нуклеарната централа Чернобил.

Агенцијата го разгледува статусот на системите за следење на заштитните мерки на други локации во Украина и наскоро ќе обезбеди дополнителни информации.

Заштитните мерки се однесуваат на сферата на работата на МААЕ во чии рамки се следи движењето на нуклеарен материјал.

Во врска со статусот на оперативните нуклеарни централи на Украина, регулаторот информира дека осум од 15-те реактори во земјата работат, вклучително и два во нуклеарната централа Запорожје која од минатата недела е под контрола на руските сили, и дека персоналот на централите работи во смени. Нивоата на радијација на локациите се нормални – се вели во соопштението на МААЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.