Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција во Москва по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Путин рече дека преговорите со Украина ќе продолжат во онлајн формат и изрази надеж дека тоа ќе предизвика „позитивен резултат“.
Коментирајќи ја моменталната ситуација во Мариупол, која тој ја опиша како „комплицирана и трагична“, рече дека руските сили повеќе не спроведуваат никакви воени операции во градот. Како што наведе Путин, руската армија е во контакт со оние кои седат во затворите на „Азовстал“.
На конференцијата Путин му порача на Гутереш дека се уште очекува и се надева дека ќе се постигне договор по дипломатски пат со Украина.
Додаде дека е постигнат голем напредок на неодамнешните преговори во Истанбул, но посочи дека тој пропаднал по извештаите за масакри на цивили во украинскиот град Буча. Путин ги нарече извештаите „провокации“, додавајќи дека „руската армија нема никаква врска со тоа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.