Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) попладнево упати предупредување за невреме во реонот на Брисел со налети на ветер со брзина од над 100 километри на час.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во предупредувањето се нагласува дека постои „безбедносен ризик“ од скршени гранки и откорнати дрвја.

Поради очекуваниот силен ветер, како што наведува ИРМ, од 17 часот затворени за сообраќај ќе бидат патните правци низ и околу шумата Соање во југоисточниот дел на Брисел. Дополнително, за посетители ќе бидат затворени и парковите во градот.

Во соопштението се посочуват дека патиштата и парковите ќе останат затворени со следното известување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.