Официјални лица во Австрија, Германија и Шпанија добиле индикации дека исламистичка група планирала неколку напади во Европа, веројатно на новогодишната ноќ и на Божик, објави германскиот дневен весник Билд доцна во саботата.

Според весникот, мети на овие напади би можеле да бидат божикните миси во Келн, Виена и Мадрид.

Исто така, објави дека специјалните сили во австриската престолнина Виена и во Германија, уапсиле осомничени во саботата.

Австриската полиција во саботата соопшти дека ги засилува контролите, особено околу црквите, верските настани и божикните базари во Виена.

„Терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади врз христијанските настани, особено околу 24-ти декември“, се вели во соопштението.

„Поради тековната проценка на ризикот… и континуираното зголемено ниво на тревога за терор, генерално постои зголемен ризик во Австрија за време на божикните празници“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.