Бројот на барања за азил во ЕУ и групата ЕУ плус, во ноември 2021 година бил втор по големина од 2016 година, односно само малку помал од септември, објави Агенцијата за азил на ЕУ (АУАА).
Во ноември се регистрирани околу 71.400 барања за меѓународна заштита, девет отсто повеќе од октомври. Како што се наведува во извештајот, рекорден број барања од мигрантската криза во 2016 година е регистриран во септември 2021 година.
Најмногу барања во земјите од ЕУ плус (ЕУ, Турција, Велика Британија, Србија, Норвешка) поднеле Авганистанци, околу 13.000, а потоа Сиријци со 11.500. Во ноември азил побарале 4.300 Ирачани, како и 3.300 Венецуелци, 2.800 Пакистанци и 2.500 Колумбијци.
Граѓаните на Албанија поднеле 1.121 барање за азил во земјите од ЕУ плус, од Македонија 1.001, од Србија 405, додека граѓани на БиХ поднели 349 барања за азил.
ЕУАА, исто така, наведува дека во последните месеци се евидентирани невообичаено голем број барања од малолетници без придружба. Тие поднеле 3.200 барања за азил во ноември и 3.300 во октомври, или повеќе од 2015 година. Меѓу малолетниците без придружба кои поднеле барање за азил, убедливо најбројни се Авганистанците. Понатаму се наведува дека властите за азил во ЕУ плус земјите донеле околу 45.500 првостепени решенија во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.