Алексеј Зимин (52), сопственикот на познатиот ресторан „Зима“ во елитниот дел на Лондон во Сохо, пронајден е мртов во изнајмен стан во Белград. Сопственикот на станот го пронашол на подот со рана на главата, пишува српски Телеграф.

Зад себе ги остави сопругата и 17-годишната ќерка.

Инаку, тој отворено се спротивстави на војната меѓу Русија и Украина, а во Русија не се врати откако беше протеран поради критиките на Путин и инвазијата на Крим.

Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да дојде до него цели седум дена, па отишол да види што се случува и на подот нашол грозоморна сцена.

За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Наредена е обдукција со токсикологија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.