Шумски пожар избувнал во одморалиштето Аланија во Анталија, во Турција и зафатило површина од околу 190 хектари.
Една куќа е оштетена, а евакуирани се 17 куќи, но за среќа нема повредени, јавува државната телевизија ТРТ.
Телеевизијата информира дека пожарот е во шумско подрачје во Аланија во близина на населба и дека во гасењето се вклучени сите расположиви тимови на пожарникари како и авиони.
Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли од авион го надгледува регионот зафатен од пожар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.