Во зградата на главната дирекција на руското Министерство за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, изјави за ТАСС извор од безбедносните служби.

– Пожарот изби на третиот кат во Министерството, на улица Петровка бр. 38, петта зграда, вели изворот.

Над зградата се издигнал густ чад, а според првичните информации пожарот зафатил градежни материјали лоцирани во канцеларијата на третиот кат.

Засега нема информации за повредени или за големината на материјалната штета, пренесува ТАСС. ссм/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.