Поморскиот сообраќај во Суецкиот канал бил прекинат, откако се насукал огромен танкер за нафта, што било причина реморкери да работат на негово „ослободување“.

Како што пренесува Дејли Мејл, повикувајќи се на локални извори, танкерот „Афинити В“ долг 252 метри го блокирал сообраќајот низ каналот.

Друг извор, од канцеларијата на Суецкиот канал, за локалните медиуми, соопштил дека бродот бил откачен по неколку часа и сообраќајот е обновен.

Бродот изгубил контрола додека минувал низ каналот долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море и претставува кратенка меѓу Азија и Европа.

Танкерот привремено го блокираше сообраќајот и сега повторно се движи кон југ, но оди бавно и со помош на ремокери кои го влечат – објави TankerTrakers, компанија која го следи движењето на танкери низ светот.

Инцидентот доаѓа 18 месеци откако бродот Ever Given шест дена беше насукан во каналот, предизвикувајќи хаос во снабдувањето низ целиот свет.

Во март минатата година, товарен брод долг 400 метри се заглави во каналот, кога беше исфрлен на брегот од силните ветрови.

Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не можеа да пловат на една од најпрометните и најважните морски патишта во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.