Повеќе од сто земји-членки на Обединети нации испратија писмо со поддршка за генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш откако Израел, на почеток на месецот, го прогласи за „персона нон грата“.

– Изразуваме длабока загриженост поради неодамнешната изјава на шефот на израелската дипломатија Израел Кац, кој го прогласи Гутереш за непожелна личност. Таквите акции ја поткопуваат способноста на ОН да го спроведе својот мандат, што вклучува посредување при конфликти и пружање хуманитарна поддршка, се наведува во писмото.

САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Канада не го потпиша писмото за поддршка на Гутереш.

Кац на платформата Икс објави дека одлуката за забрана на влез во земјата за португалскиот дипломат е поттикната од неговото одбивање да го осуди неодамнешниот ирански ракетен напад врз Израел заедно со „неговото антисемитско и антиизраелско однесување“.

Тој тврди дека речиси 90 проценти од Израелците се согласуваат со неговата одлука и оти „Гутереш може да продолжи да собира потписи за поддршка (на себе) од членките на ОН, но нема да биде променета одлуката.

Министерството за надворешни работи на Израел претходно соопшти дека одлуката е реакција бидејќи Гутереш „не го именувал Иран и недвосмислено не ја осудил неговата тешката агресија“ врз Израел.

Иран на 1 октомври истрела речиси 200 проектили кон Израел, како, одговор против агресијата на Израел и елиминацијата на лидерите на Хамас и на Хезболах, Исмаил Ханија и Хасан Насрала и заменик-командантот на иранската Револуционерна гарда, Абас Нилфорушан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.