Најмалку 128 луѓе загинале, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот се урнати куќи во областа Јајаркот, а потресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км.

Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар.

Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду.

Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.