Посетителите на забавен парк во Мексико останаа да висат речиси 61 метар во воздух поради страшен инцидент кој за малку ќе ги чинеше живот.
За време на невреме кое ненадејно се спуштило во градот, посетителите кои биле на вртелешка биле принудени да останат да висат во воздух, откако вработените во забавниот парк го исклучиле возењето поради лошото време.
Според снимениот материјал, заглавените посетители останале да висат додека околу нив се спуштал темен облак, а имало дожд и ветер. Наведено е дека дури 32 лица останале заглавени на возењето кое нормално се движи со брзина од околу 64 километри на час.
Почна да врне и останавме заглавени на небото“, вели еден од учесниците во настанот.
View this post on Instagram
Не е јасно колку време поминале во воздух, висејќи од таа височина, но од забавниот парк наведуваат дека посетителите биле спасени по кратко време и дека немало повредени учесници.
Видеата набргу по драмата станаа вирални на социјалните мрежи, каде што повеќето корисници се согласуваат дека тоа „е луна парк од кошмарот“, додека има и такви кои се согласија дека самото возење е застрашувачко.
Тоа возење ме ужаснува. Чувствувам дека сигурносниот синџир е само една тенка нишка која лесно може да се скине“, пишува еден корисник под видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.