Европската Унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал во авионската несреќа.
Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот. Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, многу тешко ни е да потврдиме за тоа, а не е наше да коментираме, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Портпаролот на ЕУ истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји.
Стано кажа дека ЕУ се надева дека ќе престане „негативното влијание“ на операциите на „Вагнер“, додавајќи дека е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“. Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „погодува дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некои конкретни последици за активностите на „Вагнер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.