Руските власти нема да го предадат телото на починатиот опозиционер Алексеј Навални уште 14 дена, изјави неговата портпаролка.
– Истражителите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го дадат телото. Телото ќе биде под некаков „хемиски преглед“ уште 14 дена, напиша Кира Јармиш на X.
Откако руските власти минатата недела соопштија за смртта на 47-годишниот Навални, неговата мајка и адвокатите отпатуваа во сибирската казнена колонија каде што тој беше задржан за да го земат телото, но властите досега не им дозволија пристап.
Според затворските власти, Навални паднал и починал во петокот додека шетал низ дворот на неговиот затворски логор на ниски температури. Обидите да биде реанимиран не успеале.
Од друга страна, активистите за човекови права велат дека неговата е убиство. Сопругата на Навални особено го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Неколку западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, исто така го сметаат Кремљ за одговорен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.