Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој, Виетнам, која се одржа во неделата. Во еден момент таа го зела микрофонот и рекла дека настанот е завршен, иако американскиот претседател се уште одговарал на прашањата на новинарите во просторијата.

Ви благодарам на сите – ова ја завршува прес-конференцијата“, рече Жан-Пјер откако го зеде микрофонот, пренесува Си-Ен-Ен.

 

 

Бајден накратко останал на сцената по нејзините зборови, одговарајќи на едно дополнително прашање, иако неговиот целосен одговор не се слушнал бидејќи веќе била пуштена музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.