Германската фудбалска федерација (ДФБ) го повлече почесното членство на поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, поради неговите тесни пријателски и бизнис врски со рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот напад на Украина е спротивен на меѓународното право и затоа е неспоив со нашите вредности. За жал, Герхард Шредер не ги прифати бројните барања за јасен став против оваа војна – изјави вршителот на должноста претседател на ДФБ, Рајнер Кох.
Одлуката доаѓа неколку денови, откако Кох му постави ултиматум на Шредер да ги напушти функциите што ги извршува во руски компании или да се повлече од членство во ДФБ.
Борусија Дортмунд од истите причини во средата на поранешниот канцелар му ја одзеде титулата почесен член на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.