Порота во Вашингтон му наложи на поранешниот адвокат на кампањата на Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф В. Џулијани, да плати 148 милиони долари на две поранешни изборни функционерки во Џорџија, кои беа цел на насилни закани, откако тој ги обвини за манипулации со гласачките ливчиња на изборите во 2020 година.

Откако Џулијани одби да учествува во постапката, американската окружна судијка Берил Хауел без судење во август утврди дека Џулијани е одговорен за клевета и дека учествувал во заговор со поранешниот претседател Доналд Трамп, кампањата на Трамп, телевизиската мрежа ОАН и поединци ОАН за клеветење на Руби Фримен и нејзината ќерка Шеј Мос.

На почетокот на оваа година, Џулијани призна дека дал лажни изјави за Фримен и Мос.

Адвокатот на Фримен и Мос побара по најмалку 24 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.