Ви благодарам многу. Ме чека ќерка ми, кусо им одговори на новинарите, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, која денеска од белгискиот затвор беше пренесена во домашен притвор со електронска нараквица, јави дописничката на МИА од Атина.

По поминати четири месеци во затвор поради вмешаноста во скандалот „Катар гејт“, Каили денеска беше пренесена во нејзиниот дом во Брисел, каде што ја чекаа голем број новинари.

Белгискиот суд на 12 април одлучи поранешната потпретседателка на ЕП да биде пренесена во домашен притвор со електронска нараквица.

Каили воедно беше последната осомничена во скандалот „Катар гејт“, која сѐ уште беше во затвор, со оглед на тоа дека останатите, меѓу кои и нејзиниот партнер, веќе се во домашен притвор, додека истрагата за корупцискиот скандал е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.