Владеачката партија во Грузија го избра поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили за претседателски кандидат, објави на денешниот брифинг претседателот на Грузискиот сон, Бидзина Иванишвили.
Нема сомнеж дека тој нема да биде во служба на странски сили, туку во служба на грузиската држава. Сигурен сум дека Михаил Кавелашвили целосно ќе го врати привремено украденото достоинство на претседателскиот институт, рече Иванишвили.
Откако го напушти Грузискиот сон во 2022 година за да ја основа својата десничарска евроскептична партија „Народна моќ“, Кавелашвили не е новодојденец во политиката. Во текот на својата фудбалска кариера играше за грузиската репрезентација Динамо Тбилиси и накратко за Манчестер Сити во средината на 1990-тите.
Грузија е потресена од протести по парламентарните избори на 26 октомври на кои владејачката партија извојува убедлива победа. Претседателката Саломе Зурабишвили, опозициските партии и западните набљудувачи не ги прифаќаат резултатите. Претседателските избори треба да се одржат на 14 декември.
Уште еден фудбалер, поранешниот репрезентативец и ѕвеза на италијански Милан, Каха Каладзе, има висока политичка функција во земјата. Каладзе е градоначалник на главниот град Тбилиси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.