Пратеникот во Европскиот парламент, Андреа Коцолино е екстрадиран во Белгија и официјално е обвинет, соопшти денеска Белгиското обвинителство. Тој е под истрага во рамки на корупцискиот скандал наречен „Катаргејт“.

Коцолино, како што јавуваат светските агенции, бил обвинет за корупција, организиран криминал и перење пари, а потоа бил ослободен под „одредени услови“ во очекување на понатамошна истрага.

Тој е член на италијанската левичарска Демократска партија и по обвинувањата ја негираше вината, а минатиот месец Италија се согласи да го екстрадира во Белгија.

Според светските агенции, овој скандал, најголемиот што ја потресе политиката на Европската унија во последните неколку децении, се заснова на сомнежи дека Катар и Мароко поткупувале политичари, парламентарни асистенти и невладини организации за да го шират своето влијание врз донесувањето на одлуките во Парламентот на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.