Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хавај ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

Авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот во четвртокот кога „наишол на неочекувани силни турбуленции околу петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј, соопшти авиокомпанијата.

Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, додека стјуардесите оттогаш се пуштени од болничко лекување, соопштија од авиокомпанијата во понеделникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.