Поради пандемијата и последователната војна во Украина, цените на ѓубривата ширум светот се зголемија неколку пати, а тоа ги принудува земјоделците да бараат алтернативен начин за оплодување на земјоделските површини.
Поради скапиот природен гас, најголемата фабрика за ѓубрива во светот, која се наоѓа во Германија – БАСФ, го прекина производството на амонијак – главната суровина за ѓубрива. Раководството на комбинатот пред неколку недели најави дека наместо да го произведува, ќе купува амонијак, но тоа ќе го поскапи крајниот производ за клиентите.
Поради оваа причина албанскиот земјоделец Албан Чакали бара алтернативни начини за ѓубрење, пренесува AFP. 38-годишниот земјоделец од оваа балканска земја поседува само 5 декари обработливо земјиште во градот Мамурас, во северозападна Албанија, но повеќе не може да си дозволи ѓубрива на база на хемикалии увезени од странство.
Како и во другите делови на светот, албанскиот земјоделски сектор е погоден од зголемени трошоци, при што цените на горивото и ѓубривата се зголемија откако Русија, главен производител на двете, ја нападна Украина.
За да ги намали трошоците, Чакали сега бара трошење талог од кафе, природно ѓубриво кое е лесно достапно во Албанија, каде пиењето на пијалок со кофеин е традиција и кафулињата се на речиси секој агол. За да го собере отпадното кафе, пак, фармерот по цел ден го обиколува талогот од кафето, а неговиот рекорд е до 40 килограми собрано старо кафе во еден ден.
По обиколката, фармерот го меша кафето со компост и чека најмалку три месеци да стане квалитетно. Финалниот производ е „богат со азот, магнезиум и калиум и е добра замена за хемиските ѓубрива“ и „ги одбива инсектите“, изјави Чакали за АФП.
Сè повеќе од речиси 280.000 мали земјоделци во Албанија се враќаат на слични традиционални методи на ѓубрење наместо да плаќаат повисоки цени за увезените ѓубрива.
Ѓубривата и горивата сочинуваат над 45 отсто од трошоците за земјоделско производство во земјава.
Русија беше најголемиот увозник на ѓубрива во Албанија во 2021 година, со вкупна вредност на производите над 11 милиони долари.
Со префрлување од хемиски ѓубрива на талог од кафе, земјоделците заштедуваат од 1.500 до 2.000 евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.