Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден дипломатски да го признае Тајван како слободна и суверена држава.
Мојот став е дека американската влада треба веднаш да ги преземе неопходните и одамна задоцнети чекори, за да ја направи вистинската и очигледна работа, а тоа е да и понуди на Тајван дипломатско признавање како слободна и суверена земја, изјави Помпео на форумот во организација на Фондацијата „Проспект“ со седиште во Тајпеј, пренесува ДПА.
Ова не е за идната независност на Тајван, вели тој, туку за препознавање на непогрешлива веќе постоечка реалност.
Официјален Пекинг го смета Тајван за дел од Кина, и покрај тоа што островот има независна влада од 1949 година.
Додека САД го снабдуваат Тајван со оружје, сепак претходните администрации никогаш немаат отворено кажано дека ќе понудат воена помош во случај на инвазија. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден во октомври рече дека САД имаат „обврска“ да го сторат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.