Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика лидерите на Европската унија, САД и Велика Британија да ја посетат главниот град на Украина и да изразат солидарност.

Тој изјави за германскиот весник „Билд“ дека германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и другите шефови на влади на ЕУ треба да отпатуваат во Киев, да погледнат во очите на жените и децата таму и да им помогнат, да ги спасат нивните животи и нивната независност.

Тој рече дека Украинците се борат за европските вредности и за западниот свет. Киев е редовно гранатиран откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24-ти февруари. Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев во вторник со воз за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски како поддршка.

Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник рече дека патувањето било, иако можеби симболичен потег, „охрабрување за повеќе од 2 милиони кои останале во Киев“. Мелник, исто така, го покани Шолц да го посети Киев.

Би било добро канцеларот Шолц да го посети Киев во одреден момент за да го види уништувањето и да почувствува како се луѓето таму“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.